Катедрала на Александар Невски (Новосибирск)

55°01′10″N 82°55′21″E / 55.01944° СГШ; 82.92250° ИГД / 55.01944; 82.92250

Катедралата на Александар Невски, Новосибирск

Катедралата на Александар Невски (руски: Собор во имя Александра Невского) е источноправославен храм во Новосибирск, Русија, именувана во чест на Свети Александар Невски[1].

Тоа е една од првите камени конструкции во Новониколајевск (поранешно име на Новосибирск). Црквата е изградена во неовизантиски архитектонски стил во периодот од 1896 до 1899 година. Архитектонскиот стил бил под влијание на архитектурата на црквата на Пресвета Богородица во Санкт Петербург, изградена неколку години порано[2].

Осветена била на 29 декември 1899 година. Во 1915 година станала катедрала.

Соборниот храм бил специфичен споменик на Цар Александар III, кој започнал со изградбата на Транссибирската железница, поради што бил подигнат градот Новониколајевск (сега Новосибирск) како нова железничка станица[3].

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди