Катарска кујна
Катарската кујна е главно составена од традиционалната арапска кујна.[1] Мачбус, оброк кој содржи ориз, месо и зеленчук, е националното јадење на Катар, обично направено со јагнешко или пилешко месо, кое е бавно варено за да му даде повеќе длабочина на вкусот.[1][2] Морската храна и урмите се главен дел од исхраната на граѓаните во Катар.[3] Многу од катарските јадења се прават и во други држави во регионот, бидејќи споделуваат многу заеднички одлики, но на некои од јадењата им се дадени различни имиња или користат поразлични состојки.[4]
Еден поборник за важноста на кулинарското наследство на Катар е готвачот Нур Ал Мазроеи, кој умее да ги прилагоди традиционалните рецепти за да вклучи вегански и алтернативи без глутен.[5]
Традиционални мешавини на зачини од Катар
уредиЗачините имаат многу важна улога во Катарските јадења и општо во арапското готвење. Готвачите се грижат да ги набават најквалитетните зачини и да ја зачуваат нивната свежина.[6]
Мешавината Бизар
уредиБизар е комбинација од црн пипер, семки од коријандер, стапчиња цимет, каранфилче, сушен ѓумбир, цел кардамом, сушено црвено чили и стапчиња од куркума. Зачините прво се мијат, а потоа се сушат на сонце, по што се мелат и се мешаат.[4]
Мешавина Даќу
уредиОва е мешавина направена од црвено чили, но вклучува печена и мелена пченица, печени и мелени семиња од ким, печени и мелени семки од сусам, семе од коријандер, мелено и суво црвено чили, чешниња лук и сол.[4]
Мешавина Хисо
уредиОваа мешавина вклучува сушен ѓумбир, стапчиња цимет, семки од кардамон, цел црн пипер, стапчиња од куркума и семки од ким.[4]
Главни јадења
уредиКатарски мачбус
уредиМачбусот е јадење кое се состои од ориз, месо, кромид и домати, заедно измешани со многу зачини. Ова јадење е локалната варијација на кабса.
Кабса
уредиСодржи ориз, месо и зеленчук зачинети со разни видови на зачини. Ова јадење е слично на бирјани или пилаф.
Гузи
уредиГузи е печено јагнешко месо кое се служи врз ориз.[7] Се нарекува и шуваа.
Мадроуба
уредиМадроуба е лута и зачинета катарска каша, направена со пилешко, преварен ориз и богатство од зачини како што се куркума, ким, кардамон, ѓумбир, каранфилче, цимет, лук и црн пипер. Се препорачува кашата да се служи додека е сè уште топла, по можност украсена со свежа кора од лимета.[8]
Харис
уредиХарис е јадење направено од мелено семе од пченица, мешано со сало (гхи). Обично се додава само сол и вода, а може да се подготви и со пилешко или месо.[4]
Џариш
уредиЏариш е дробена пченица која се подготвува со разновидно месо.[4]
Кобс ргаг
уредиКобс ргаг е тенок рамен леб кој се прави од брашно, вода и сол, а се користи и во други јадења, најчесто со јадењето тарид.[4]
Тарид
уредиТарид е составено од кобс ргаг и супа, заедно со зеленчук и пилешко месо.[4]
Пијалоци
уредиАрапско кафе
уредиКафе сварено од темно печени зрна кафе зачинето со кардамон и послужено со урми.[4]
Карак
уредиКарак, познат и како „чај со млеко“ или „чаи млеко“,[9] е светло портокалов пијалок со кардамон, шафран и шеќер.[7] Тоа е чај кој е збогатен со повеќе зачини, заедно со испарено млеко.
Десерти
уредиЛугаимат
уредиСостојките кои што се користат за создавање на ова слатко панирано пециво се брашно, млеко, путер, шеќер, шафран и кардамон. По пржењето, десертот е подготвен за послужување и врз него се прелива мед или сладок сируп.[4]
Кабис
уредиКабиите се урми без семки, натопени во вода и комбинирани со печено брашно или измешани со шеќер, масло, путер, шафран, кардамон и розова вода.[4]
Асида
уредиАсида е едноставен десерт што се прави со брашно, масло и шеќер.[4]
Балалет
уредиBalaleet се тестенини варени со шеќер, цимет, шафран и кардамон. Тестенините често се служат со омлет врз нив.[4]
Саго
уредиСаго е сладок желатински пудинг зачинет со шафран и кардамон. Оригиналниот рецепт е создаден од Мохамед Фати, египетски научник.[4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „The 3 M's of Qatari Cuisine“. The Daily Meal. 3 October 2012. Посетено на 15 May 2015.
- ↑ „Best Qatari Foods and Where to Find Them in Doha“.
- ↑ „Culture of Qatar“. Hilal Plaza. Посетено на 6 May 2015.
- ↑ 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 Almeer, Sheikha Ahmad (2016). The Art of Qatari Cuisine. Doha: Gulf Publishing and Printing Co.
- ↑ Al-Derbesti, Lamya (2021-06-04). „A Culinary Coincidence“. Medium (англиски). Посетено на 2022-10-05.
- ↑ „Souq Wakif“. 2 August 2017.
- ↑ 7,0 7,1 "Traditional Qatari Cuisine". Anglo info Limited.
- ↑ „Madrouba | Traditional Porridge From Oman | TasteAtlas“. www.tasteatlas.com.
- ↑ „Getting to know Qatar“. Qatar Friendship Fund. Архивирано од изворникот на 2020-09-21. Посетено на 10 July 2015.
Надворешни врски
уреди- https://www.marhaba.qa/souq-waqif-essential-common-spices-arab-cooking/
- https://www.willflyforfood.net/qatar-machboos-a-delight-that-will-make-you-crave-for-more/
- https://ar.hotels.com/go/qatar/best-food-doha
- https://mybrowser-search.com/search?q=google&ac=1468047342
- https://www.tasteatlas.com/madrouba