Катарина Џи (мобилна библиотека)

Мобилната библиотека Катарина Џи — автобус во сопственост на централната библиотека во Талин или подвижна библиотека кој работи во Талин, Естонија, првата и моментално единствена подвижна библиотека која што работи во Естонија. Името на автобусот Катарина Џи се однесува на лик од романот Томас Нипернаади на естонскиот автор Август Гаилит.

Мобилна библиотека Катарина Џи
Raamatukogubuss Katarina Jee
ЗемјаЕстонија
ТипЈавна, мобилна библиотека
Основана2008; пред 16 години (2008)[1]
МестоТалин
Фонд
Обем8000 наслови
Службена страницаkeskraamatukogu.ee
Мобилна библиотека Катарина Џи

Библиотеката е модифициран автобус на Волво, прилагоден во Финска од Kiitokori OY, кои произведуваат такви возила од 1965 година. Внатрешниот и надворешниот дизајн на автобусот е дело на уметникот Керту Силасте од централната библиотека во Талин.

Мобилната библиотека Катарина Џи работи од понеделник до четврток во Ласнамае, Хаберсти, Ниме и Пирита на 26 получасовни закажани постојки. Во петок автобусот посетува училишта, градинки, младински и дневни центри и други јавни настани.[2]

Мобилната библиотека Катарина Џи распполага и носи 8000 наслови што може да се најдат на онлајн каталогот ESTER, има избор на книги и списанија на естонски, руски, англиски и аудио книги на естонски. За да се користат услугите потребна е валидна картичка од централната библиотека на Талин за да се позајмат материјали од автобусот, материјалите може да се вратат во одделенијата или во која било филијала на Централната библиотека во Талин.

Наводи

уреди
  1. „Raamatukogubuss sai nimeks Katarina Jee“. Delfi.ee. February 8, 2008. Посетено на April 28, 2015.
  2. „KATARINA JEE JOINS THE CYC4LIB -JOURNEY“. Cycling For Libraries. March 18, 2012. Посетено на April 28, 2015.

Надворешни врски

уреди