Кастелет (Копенхаген)
Кастелет (дански: Kastellet) — утврдување во Копенхаген, Данска, едно од најдобро зачуваните во северна Европа. Изградена е во облика на пентаграм. Петте бастиони ги носат следниве имиња: Кралев бастион (Kongens Bastion), Краличин бастион (Dronningens Bastion), Грофов бастион (Grevens Bastion), Принцезин бастион (Prinsessens Bastion) и Принцов бастион (Prinsens Bastion). Кастелет има своја црква и ветерница.
Историја
уредиИзградбата на Кастелет ја започнал кралот Кристијан IV уште во 1626 г. со изградба на окоп во северниот дел на бедемот на Копенхаген. Кралот имал грандиозни планови за изградба, според која било замислено во тврдината да стои замок кој би служел како збег за самиот крал, но тоа не било остварливо од финансиски причини. Изградбата ја продолжил неговиот наследник Фредерик III. По завршувањето на опсадата на Копенхаген од страна на Швеѓаните (1658–1660), бил повикан холандскиот инженер Хенрик Рисе за да помогне при обновувањето и проширувањето на крепоста. Тврдината била наречеа Фредериксхавнска тврдина, но денес е попозната како Кастелет („тврдина“).
Кастелет имал важна улога во одбраната на Копенхаген од Англичаните во бомбардирањето на Копенхаген во 1807 г.
Кристен Кебке (1810–1848), дански сликар од златното доба на данското сликарство, пораснал во Кастелет и го овековечил во многу негови слики.
Кастелет бил реновиран во периодот од 1989 до 1999 г.
Затворот во Кастелет
уредиЗатворот во Кастелет се наоѓа веднаш до црквата. Затворениците можеле да следат богослужба преку дупки во ѕидовите на ќелиите и црквата.
Кастелет денес
уредиВо 2004 г. Кастелет ја одбележал својата 340-годишнина со отворена прослава.
Тој е сопственост на министерството за одбрана и, меѓу другите, се користи од началникот на генералштабот, the Данската територијална одбрана (Hjemmeværnet), Воената разузнавачка служба (Forsvarets Efterretningstjeneste), Военото судство (Forsvarets Auditørkorps) и библиотеката на Кралскиот гарнизон.
Кастелет е мирен и заштитен реон, кој функционира како воено земјиште, културно-историски споменик, музеј и парк. Се наоѓа близу познатата туристичка атракција, статуата на Малата сирена на Ханс Кристијан Андерсен, Гефјоновата фонтана (Gefionspringvandet) и Лангелини. Местото е популарно за прошетки на сончеви денови, и ужива голема популарност кај децата заради изоблиството од животни и птици.
Надворешни врски
уреди„Кастелет (Копенхаген)“ на Ризницата ? |
- Слики од Кастелет (англиски)
- Кастелет - Копенхагенски утврдувања Архивирано на 1 февруари 2010 г. (англиски)