Карл Шефер ( Виена 17 мај 1909Виена 23 април 1976) бил австриски лизгач во уметничко лизгање, двапати бил победник на Зимските олимписки игри, седумкратен светски првак и осумкратен европски првак.

Фотографија од Карл Шефер и Соња Хени

Животопис

уреди

Карл Шефер е роден недалеку од познатата вештачка ледена површина која е создадена од Едуард Енгелман. Со своите 11 години бил забележан од тренерот Рудолф Куцер кој во него забележал голем талент.

Освен за лизгање Шефер бил талентиран и во други работи. Одлично свирел виолина, и неколкупати бил австриски првак во нуркање со еден здив. После својата лизгачка кариера во 1936 година, тој се преселил во САД на неколку години, каде работел како тренер. Во 1938 година отворил продавница за спортска опрема во Виена. Во 1940 година тој и Херта Вехтер ( исто така тренер за уметничко лизгање ) ја основале "Karl-Schäfer-Eisrevue" .

Во 1943 година станал глумец и глумел во филмот "Der weiße Traum" (Бел сон).

После втората светска војна Шефер учествувал во реконструкцијата на Елмановото лизгалиште, и од 1946 година таму ги тренирал своите млади лизгачи.

Помеѓу 1956 и 1962 година тој повторно е во САД каде работи како тренер, но од 1962 година се враќа во Виена и живее таму сè до неговата смрт.

Бил оженет со Кристина Енглеман, најмладата ќерка на Едуард Енгелман.

Резултати во уметничко лизгање

уреди

Зимски олимписки игри

уреди
  • 1928 година — 4
  • 1932 година — 1
  • 1936 година — 1

Светско првенство

уреди
  • 1927 година — 3
  • 1928 година — 2
  • 1929 година — 2
  • 1930 година — 1
  • 1931 година — 1
  • 1932 година — 1
  • 1933 година — 1
  • 1934 година — 1
  • 1935 година — 1
  • 1936 година — 1

Европско првенство

уреди
  • 1927 година — 3
  • 1928 година — 2
  • 1929 година — 1
  • 1930 година — 1
  • 1931 година — 1
  • 1932 година — 1
  • 1933 година — 1
  • 1934 година — 1
  • 1935 година — 1
  • 1936 година — 1