Карлес Алења

Карлес Алења Кастилјо (шпански: Carles Aleñá Castillo, 5 јануари 1998) — шпански професионален фудбалер кој игра како играч за врска за ФК Барселона.

Карлес Алења
Лични податоци
Полно име Карлес Алења Кастилјо
Висина 1.80 м
Положба среден играч
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Барселона
Број 21


* Настапи (Голови)

Клупска кариераУреди

Роден е во Матаро, Барселона, Каталонија, Шпанија. Алена се зачленил во младинскиот систем на ФК Барселона, Ла Масија, во 2005 година, на возраст од 7 години, по успешен пробен период.[1][2] Високо оценет од страна на клубот,[3][4] тој го направил своето деби со ФК Барселона Б на 29 август 2015 година.[5]

На 24 ноември 2015 година, Алена постигнал спектакуларен гол во УЕФА Младинската Лига игра против Рома.[6] Тој го постигнал својот прв сениорски гол на 19 декември.[7]

Алена го направил своето деби во Ла Лига на 2 април 2017, како замена во второто полувреме за Иван Ракитиќ.[8] На 28 јуни, тој потпишал тригодишен професионален договор со ФК Барселона.[9] Во јули 2018, тој бил номиниран за престижната награда Златно Момче. На 4 декември 2018, Алена официјално бил промовиран во првиот тим, два дена откако го постигнал својот прволигашки гол за Барселона против Вилјареал СП.

Личен животУреди

Таткото на Алена, по име Франсеск, исто така бил фудбалер. Тој играл за неколку клубови во 1980-тите и 1990-тите години.[10]

НаводиУреди

  1. Carles Aleñá, uno de los elegidos (Carles Aleñá, one of the chosen); Mundo Deportivo, 14 September 2015 (шпански)
  2. Carles Aleñá, una excepción (Carles Aleñá, an exception); Mundo Deportivo, 5 April 2017 (шпански)
  3. Aleñá, el Maradona de la cantera (Aleñá, the Maradona of the youth system); Mundo Deportivo, 27 September 2012 (шпански)
  4. Así es Carles Aleñá, la nueva perla de la cantera azulgrana (So is Carles Aleñá, the new pearl of Barcelona's youth system); Marca, 19 February 2016 (шпански)
  5. Un penalti fallado en el 90' impide el primer triunfo del Barça B (A missed penalty in the 90th minute prevents the first triumph of Barça B); Sport, 29 August 2015 (шпански)
  6. Watch Carles Aleñá's stunning goal for Barcelona; UEFA, 24 November 2015
  7. „CD Eldense-Barça B: Derrota para cerrar el año (4-2)“ [Eldense CD-Barça B: Defeat to end the year (4-2)] (шпански). 19 December 2015.
  8. Carles Aleñá: un debut de cinco minutos (Carles Aleñá: a five-minute debut); Sport, 2 April 2017 (шпански)
  9. Carles Aleñá agrees to new FC Barcelona contract; FC Barcelona, 28 June 2017
  10. Carles Aleñá: "No me llamo Carles, me llamo Pivaldo" (Carles Aleñá: "My name is not Carles, call me Pivaldo"); Sport, 14 September 2015 (шпански)

Надворешни врскиУреди