Карена Ричардсон (12 октомври 1959 година во Кенсингтон, Англија) — поранешна британска уметничка лизгачка која се натпреварувала во женски сингл. Таа го освоила сребрениот медал на Скејт Канада во 1976 година и е четирикратна британска национална шампионка. Таа се натпреварувала двапати на Зимските олимписки игри, завршувајќи на 15-тото место во 1976 година и на 12-тото место во 1980 година. Тренер и бил Карло Фаси во Денвер, Колорадо.[1]

Ричардсон се омажила со чешкиот лизгач Зденек Паздирек.[2]

Резултати

уреди
Меѓународен
Настан 75-76 76–77 77-78 78–79 79–80
Зимски олимписки игри 15-то 12-то
Светски првенства 13-то 15-то 11-то
Европско првенство 10-то 13-то 10-то 12-то 12-то
Скејт Канада 2-ро
Трофеј Ричмонд 3-то
Национално
Британско првенство 1-во 1-во 1-во 1-во

Наводи

уреди
  1. „British Team Limbers Up at Lake Placid“. The Herald. Glasgow. 9 February 1980.
  2. „Karena Richardson“. Sports Reference. Архивирано од изворникот на 18 April 2020.