Кардигански Залив

Кардиганскиот Залив (англиски: Cardigan Bay; велшки: Bae Ceredigion) е голем залив во Ирското Море, вовлечен на западното крајбрежје на Велс, помеѓу островот Бардси во грофовијата Гвинед на север и ’ртот Страмбл во грофовијата Пембрукшир на јужниот крај. Ова е најголемиот залив во Велс.[1]

Карта на Кардиганскиот Залив
Поглед на Кардиганскиот Залив

Заливот има многу плажи и посебен морски свет. Крајбрежната патека на Кередигион служи за набљудување на делфини, морски свињи и атлантски сиви фоки.[2] Во заливот живее најголемото население на клунести делфини во Велика Британија.[3]

Голем дел од копното околу заливот е плодно обработливо земјиште, прошарано со гратчиња, села и приморски летувалишта како Фишгард, Њу Ки, Аберајрон, Ланон, Абериствит, Борт, Абердиви, Тивин, Бармут, Портмадог и Пулхели на камбриското крајбрежје.

Во заливот се влеваат следниве позначајни реки: Гласлин, Тејви, Рејдол, Диви, Ајрон, Дисини и Маудах.

Сè до почетокот на XX век, Кардиганскиот Залив имал мошне развиена поморска индустрија. На вливот на реката Тејви се наоѓа градот Кардиган, кој во своевремено бил поважно пристаниште од Кардиф. Во тој период, пристаништето на Кардиган имало заведено 300 бродови - седум пати повеќе од Кардиф и трипати повеќе од Свонзи.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Да го зачуваме Кардиганскиот Залив“ Архивирано на 20 јануари 2011 г. (англиски)
  2. Крајбрежна патека на Кередигион Архивирано на 19 април 2018 г. (англиски)
  3. БиБиСи Вести - Велс (англиски)
  4. „Собирање на скапоценостите“ Архивирано на 5 август 2011 г. - портал за историјата и културата на Велс (англиски) Неважечки јазичен код.

Надворешни врски

уреди

52°30′N 04°25′W / 52.500° СГШ; 4.417° ЗГД / 52.500; -4.417