Капачки (француски: Les Baigneuses) ― маслена слика на платно направена помеѓу 1918 и 1919 година од францускиот сликар Пјер Огист Реноар. Откако била дадена на државата од страна на неговите три сина во 1923 година, во моментов се чува во Музејот Орсе во Париз.

Капачки
Творец Пјер Огист Реноар
Година 1918–1919
Димензии 60 см × 110 см
Место Музеј Орсе, Париз

Постојат две групи голи жени: два модели лежат во преден план, плус три капачи во позадина, десно. Еден од моделите на оваа слика е Андрее Хеслинг, која станала првата сопруга на синот на Реноар, Жан. Природниот амбиент прикажан на сликата била големата градина на куќата сопственост на сликарот во Кање-сур-Мер.[1]

На сликата, Реноар отстранил какво било повикување на современиот свет и покажал „безвременска природа“. Капачката темата е доминантна во последната сезона на сликите на Реноар: жените портретирани од сликарот се слободни и неограничени. Овие капачки се „стопени во природата и облините се спојуваат со дрвјата, цвеќињата и со црвената вода“.[2]

Сликата добила критики поради „огромноста на нозете и рацете, слабоста на кожата и розовката боја на моделите“.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Pierre-Auguste Renoir — Les Baigneuses (француски). Musée d'Orsay. Посетено на 21 јануари 2021.
  2. 2,0 2,1 Renoir — Les classiques de l'art (француски). Paris: Flammarion. 2005. стр. 168. ISBN 2-08-011445-X.