Кането (Каронија)
Кането е селска и граѓанска парохија во италијанската општина Каронија, во провинцијата Месина, Сицилија. На италијански јазик неговото име значи кревет со трска.
Географија
уредиСелото, познато како Кането ди Каронија, се наоѓа покрај брегот на Тиренското Море на државниот автопат 113 Месина - Палермо, помеѓу Марина ди Каронија и Санто Стефано ди Камастра.Оддалечено е 10 километри од Каронија, 105 километри од Палермо и 125 километри од Месина.
Низ него поминува железничката пруга Месина-Палермо, но нема сопствена станица. Најблискиот излез на автопатот е „Реитано -Санто Стефано ди Камастра“, на А20 Месина-Палермо
Историја
уредиПожари во Кането ди Каронија
уредиВо 2004-2005 и 2014 година, имало два необични пожари во Кането. Додека шпекулациите ги припишуваа пожарите на различни причини, вклучително и непознат природен феномен, паранормални настани или тајна воена технологија, официјалните истраги сугерирале дека сите овие пожари биле случаи на подметнување пожар и апсења биле извршени во 2015 година.
Почнувајќи од 14 јануари 2004 година, Кането било централна локација во серија спонтани пожари и други електромагнетни феномени. Било пријавено дека апаратите, како телевизорите и шпоретите и правосмукалките сами од себе се запалиле. Регистрирано е дека најмалку едно лице забележало како се запалил исклучен електричен кабел додека тој директно го набљудувал. ЕНЕЛ, италијанското претпријатие за електрична енергија, привремено го прекинало снабдувањето со електрична енергија на градот, иако избувнувањата продолжиле. Пожарите престанале во август.
Пожарите биле поврзани со полтергеисти. Предлозите дека причината е непознат природен феномен поттикнале истрага од страна на научниците од Националниот институт за истражување, со поддршка на физичарите на НАСА . Во 2007 година било предложено дека феномените се предизвикани од повремени електромагнетни зрачења. Била воведена вонредна состојба, а дел од селото било евакуирано. На 24 јуни 2008 година, по понатамошна истрага од назначените вештаци, случајот бил отфрлен од обвинителот на Мистрета . Заклучокот на консултантите бил дека пожарите се подметнати пожари.
Мистериозните пожари повторно се вратиле во средината на 2014 година. На 5 март 2015 година, полицијата го уапсила и го обвинила Џузепе Пецино за подметнување пожар, заговор за извршување измама и пуштање лажна тревога во врска со мистериозните пожари. Неговиот татко, Антонино Пецино, исто така бил вмешан. Италијанската воена полиција поставила скриени камери на улиците откако пожарите повторно почнале во јули 2014 година. Видеото снимило околу 40 инциденти во кои бил вмешан Џузепе. Дополнителни докази беа собрани со прислушување телефони.