Кандиски мост (словенечки: Kandijski most) или Стар мост (Stari most) ― железен мост во Ново Место, Словенија. Го поврзува старото градско јадро од левата страна на реката Крка со Кандија, историско предградие на Ново Место, од нејзината десна страна.[1] Мостот стои на долниот дел од главниот плоштад.[1] Изграден е во 1898 година за да го замени стариот дрвен мост од 1600 година, кој се наоѓа на неколку десетици метри возводно.[1] Отворањето било одржано на 23 ноември 1898 година. Закованата структура што ја премостува Крка со единечен лак од 75 м и е единствена ваква градба во Словенија.[1] Од 1992 година е заштитен како споменик на културата. Реновиран е во 1977, 1996 и 2009 година.

Кандискиот мост.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

45°48′6.5″N 15°10′14.7″E / 45.801806° СГШ; 15.170750° ИГД / 45.801806; 15.170750