Кампо Мамула
„Кампо Мамула“ – филм на режисерот Велимир Стојановиќ од 1959 година. Главните улоги ги играат: Љуба Тадиќ, Павле Вуисиќ и Драган Лаковиќ.[1]
Синопсис
уредиПо капитулацијата на Италија, политичките затвореници на островот Мамула се ставени во уште полоша положба, зашто логорот го преземаат Германците. Тие ги принудуваат затворениците да демонтираат мини, ветувајќи дека за десет демонтирани мини ќе ослободуваат по еден затвореник. На тој начин, двајца ослободени затвореници им овозможуваат на повеќе свои другари да избегаат од затворот.