Каменоломско езеро

Каменоломско езеро - езеро што се создава откако е ископан каменолом преку рударско работење.

Каменоломско езеро во Фремонт, Калифорнија
Каменоломско езеро во напуштен каменолом во Керала, Индија

Создавање

уреди

За време на постапката на рударство, водата мора да се испразни. Но, откако рударското работење е напуштено, површната вода и се дозволува да навлезе, а дождовните води се собираат во каменоломот. Длабочината на каменоломското езеро зависи од врнежите во регионот.[1]

Опасности за луѓето

уреди

Каменоломите исполнети со вода можат да бидат многу длабоки, честопати 15 м или повеќе, и изненадувачки ладно, затоа пливањето во каменоломски езера општо не се препорачува. Неочекувано ладната вода може да предизвика мускулите на пливачот одеднаш да ослабнат; исто така може да предизвика шок, па дури и хипотермија.[2] Иако водата од каменоломот е често чиста, потопените каменоломи и напуштената опрема го прават нуркањето во овие каменоломи крајно опасно. Неколку луѓе се дават во каменоломи секоја година.[3][4]

Екологија

уреди

Каменоломските езераски, дури и езера во активни каменоломи, можат да обезбедат важно живеалиште за животните.[5]

Напуштен варовнички каменолом во Руму, Естонија.

Наводи

уреди
  1. Chang, Ni-Bin. Effects of Urbanization on Groundwater: An Engineering Case-Based Approach ... стр. 33–34. Посетено на 8 декември 2020.
  2. „American Canoe Association explanation of cold shock“. Enter.net. Архивирано од изворникот на 16 јуни 2012. Посетено на 8 декември 2020.
  3. „US Dept. of Labor list of mine related fatalities“. Msha.gov. Архивирано од изворникот на 9 март 2012. Посетено на 8 декември 2020.
  4. „on quarry drownings“. Geology.com. 3 ноември 2007. Посетено на 8 декември 2020.
  5. Sievers, Michael (19 May 2017). „Sand quarry wetlands provide high-quality habitat for native amphibians“. Web Ecology. 17 (1): 19–27. doi:10.5194/we-17-19-2017.

Надворешни врски

уреди