Калист II Цариградски

Калист II ЦариградскиВселенски патријарх исихистички монах и духовен писател кој бил патријарх во 1397 година. Бил патријарх за време на владеењето на царот Мануил II, и за време на своето кратко патријархување Цариград бил под опсада од отоманскиот султан Бајазит I.

Тој бил монах од Ксантопулскиот манастир. Заедно со уште еден монах, Игнатиј Ксантопулски, Калист II го компонирал делото Век, тракт од 100 делови за аскетските практикувања од страна на исахистичките монаси, во трактот била вметното и збирката Добротољубие, дело на Никодим Светогорец и имал големо влијание во павославната духовност. Поголемиот број на патријарси во XIV век биле исихеистички монаси.[1] Во православната црква,тој се слави на 22 ноември.[2][3]

Наводи

уреди
  1. J.M. Hussey. (1986). The Orthodox Church in the Byzantine Empire, Oxford University Press, p. 289.
  2. Κάλλιστος Β´ Ξανθόπουλος (грчки). Ecumenical Patriarchate. Архивирано од изворникот на 2012-04-12. Посетено на 2012-05-29.
  3. Great Synaxarium: (грчки) Ὁ Ὅσιος Κάλλιστος ὁ Β’ Πατριάρχης Κωνσταντινουπόλεως. 22 Νοεμβρίου. ΜΕΓΑΣ ΣΥΝΑΞΑΡΙΣΤΗΣ.

Извори

уреди
Духовни титули
Претходник
Антониј IV
Цариградски патријарх
1397
Наследник
Матеј I