Кади Махмуд-ефенди

Кади Махмуд Челеби-ефенди (турски: Kadı Mahmud Çelebi Efendi) — османлиски кадија и дарител од 16 век.[1]

Кади Махмуд Челеби-ефенди
Kadı Mahmud Çelebi Efendi
Занимање кадија

Животопис

уреди

За кадијата Махмуд-ефенди нема многу сочувани податоци. Се знае дека во 959 година од хиџра (1551-1552 г.) бил назначен во судот во Битола. Востановил побожен вакаф за новата џамија во градот што го носи неговото име. Вакафот на џамијата содржел дуќани, куќи, магази и анови. Во блиэина на џамискиот објект отворил медреса, а наоколу џамијата имало мали гробишта каде бил погребан битолскиот бекташки мистик Халил Баба.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Михајловски, Роберт (2009). „Битолската Јени џамија во светлината на најновите археолошки откритија“ (PDF). Патрониум: 183. Посетено на 23 март 2022.