Каде е мојот дом (чеш. Kde domov můj?) е државна химна на Чешката Република.

Kde domov můj?
макед. Каде е мојот дом?
Текстот и нотите на химната

National химна на  Чешка
ТекстЈозеф Кајетан Тил, 1834 г.
МузикаФрантишек Шкроуп
Усвоена1992
Звучен извадок
инструментална верзија

Текстот на химната потекнува од театарската претстава „Фидловачка“ (Fidlovačka aneb žádný hněv a žádná rvačka) на авторот Јозеф Кајетан Тил, што своја премиера имала во 1834 г. во Прага. Мелодијата ја компонирал Франтишек Шкроуп.

Текстот се состои од две строфи, од кои како химна се изведува само првата строфа[1], и тоа во изменет облик. (“чешка земја“, наместо “меѓу Чесите“)

Во некогашната држава Чехословачка оваа химна ја претставувала Чешка, додека другиот дел од химната била словачката химна Над Татрите светат (Nad Tatrou sa blýska).

Во периодот 1918-1938 г. во употреба била и германска верзија на оваа химна, поради значителното германско малцинство во државата (Судетски Германци).

Текст

уреди

чешки

Kde domov můj,
kde domov můj?
Voda hučí po lučinách,
bory šumí po skalinách,
v sadě skví se jara květ,
zemský ráj to na pohled!
A to je ta krásná země,
země česká, domov můj,
země česká, domov můj!

македонски

Каде е мојот дом,
Каде е мојот дом?
Водата жубори низ ливадите,
Боровите шумат во височините,
Во градината блеска пролетен цвет,
Рај на земјата за погледот!
А тоа е таа прекрасна земја,
Чешка земја, домот мој,
Чешка земја, домот мој!

Наводи

уреди
  1. „Article 7 of Czech law n° 3/1993 Sb. on statehood emblems“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 2012-03-05. Посетено на 2012-03-05.