Итаугва
Итаугва (шпански: Itauguá, гварански: Ytaygua) — град во Централниот департман во Парагвај. Градот е основан во 1728 година од страна на Мартин де Баруа. Итаугва е познат по интересната уметност на њандутите и музиката. Во градот се наоѓа музејот Сан Рафаел кој има богата поставка од колонијалниот период, а воедно во градот се наоѓа и националната болница која е една од најважните институции во земјата. Итаугва е на 30 километри од Асунсион, главниот град на државата.
Итаугва | |
---|---|
град | |
Itauguá, Ytaygua | |
Држава | Парагвај |
Департман | Централен |
Основан | 27 јуни 1728 |
Основач | Мартин де Баруа |
Управа | |
• Градоначалник | Мигел Ангел Меза Акоста |
Површина | |
• Вкупна | 122 км2 (47 ми2) |
Надм. вис. | 170 м |
Население (2016) | |
• Вкупно | 100.456 |
• Густина | 1.090,84/км2 (282,530/ми2) |
Час. појас | -4 Gmt (UTC-4) |
Поштенски код | 2740 |
Повик. бр. | (595) (294) |
Потекло на поимот
уредиИмето Итаугва е поврзано со потокот Итај кој тече низ регионот на градот. Зборот „ита“ означува „камен“ на гварански јазик, а зборот „гуа“ означува претставка за гварански јазик.
Култура
уредиГрадот е основан на 27 јуни 1728 година за време на колонијалниот период на Парагвај. Поради тоа, и денес сè уште е присутва колонијалната уметност и архитектура во градот. Поради богата традиција на изработка на њандути, градот често се именува како „град на њандутите“. Следствено на тоа, еден од најважните елементи од културниот живот на Итаугва е „њандутскиот фестивал“. Овој фестивал се одржува секоја година, а за првпат се одржал во јуни 1970 година. Фестивалот привлекува голем број на посетители.
Население
уредиИтаугва има население од 89.449 жители, од кои 44,997 се мажи и 44,451 се жени, според Канцеларијата за статистика на Парагвај. Доминантни јазици во градот се гварански и шпански, а најголема религија е христијанството.
Соседства
уредиНекои од поголемите соседства на градот се:
- А лдама Кањада
- Потреро
- Вирхен де Гвадалупе
- Гвајаивити
- Сан Антонио
- Зебелјос
- Итаугва-Гвазу
- Мбокајати
- Кањада
- Патињо
Наводи
уреди- Reportaje al País. Tomo 1. Edición 2001. Asunción Paraguay.
- Geografía Ilustrada del Paraguay - ISBN 99925-68-04-6 - Distribuidora Arami S.R.L.
- La Magia de nuestra tierra. Fundación en Alianza. Asunción. 2007.
Надворешни врски
уреди- Сенатур Архивирано на 20 мај 2015 г.
- World Gazeteer: Paraguay