Истражувач на вонсончеви планетарни околуѕвездени средини и дискови

Истражувач на вонсончеви планетарни околуѕвездени средини и дискови (ИВПОСД) — предложен вселенски телескоп дел од истражувачката програма на НАСА насочена кон истражувањето и набљудувањето на околуѕвездените протопланетарните и остаточните дискови како и планетообразбата на блиските (околу 100 парсеци) ѕвезди со спектралните класи од M до B.[1] Доколку истиот бил избран за развој, би бил лансиран во 2019 година.

Истражувач на вонсончеви планетарни околуѕвездени средини и дискови
Вид задачаВселенска опсерваторија
Мреж. местоsoweb.as.arizona.edu/~gschneider/EXCEDE OVERVIEW.html
Траење на задачата3 години (предожено)[1]
Орбитални параметри
Појдовен системГеоцентрична
РежимСончевосинхрона
Голема полуоска2.000 km
Наклон105°
Период127 мин.
Главен
Пречник70 cм (2.3 ст)[1]
Инструменти
Снимачки полариметар

Леталото би било опремено со телескоп коронограф со пречник од 70 cm наречен ФИЗА (Фазно индуциран замавен аподизиран коронограф) за да ја пригушува ѕвездената светлина за да може да го забележи послабото зрачење од околуѕвездената прашина.[1] Одликите и составот на овие дискови ќе обезбедат информации за планетообразбата (најчесто во животопогодните појаси), додека постоечките вонсончеви планети може да се забележат преку нивното заемодејствување со прашинскиот диск. Главниот истражувач на проектот е Глен Шнајдер.[1]

Истражувачки цели

уреди

Научните цели на оваа предложена мисија се:[1]

  • Да се истражи количеството на пашина во животопогодните појаси
  • Да се одреди дали постоењето на овој тип на дискови има влијание врз способноста на инструментите на следните мисии за потрага на планети (расеаната светлина од прашината предизвикува заматување на сликите од вонсончевите планети[2])
  • Да се определи составот на материјалот кој ги создава планетите: мразовит и богат со органски честички кој се важни за постоењето на живот.[3]
  • Да се определи односот на масивните планети во далечни орбити.
  • Да се набљудува како протопланетарните дискови создават структури налик на Сончевиот Систем.
  • Да се одреди составот на џиновските планети преку мерењето на нивниот отсјај.[4] ИВПОСД ќе беше првата сонда која би сликала (џиновски) вонсончеви планети на растојанија слични на оние во Сончевиот Систем (0,5-7 ае).[5]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 The EXoplanetary Circumstellar Environments and Disk Explorer (EXCEDE). (PDF). Olivier Guyon, Glenn Schneider, Ruslan Belikov, Domenick J. Tenerelli. arXive repository. 10 October 2012. doi:10.1117/12.927188
  2. „Future Mission Impacts?“. Glenn Schneider. Архивирано од изворникот на 2016-08-27. Посетено на 25 February 2012.
  3. „Delivery of Planet Veneers“. Glenn Schneider. Архивирано од изворникот на 2016-03-16. Посетено на 25 February 2012.
  4. „CS Disks: Signposts of Planets“. Glenn Schneider. Архивирано од изворникот на 2016-08-27. Посетено на 24 February 2012.
  5. „Cool Giant Exoplanets“. Glenn Schneider. Архивирано од изворникот на 2016-03-15. Посетено на 25 February 2012.

Предлошка:Exoplanet Предлошка:Explorer program Предлошка:Exoplanet search projects Предлошка:Space observatories