Источни железници

Источни железници или Ориентална железница (позната и како: Македонска железница[1]; француски: Chemins de fer Orientaux; турски: Rumeli Demiryolu) — отоманско железничко претпријатие кое работело во Румелија (европскиот дел на Отоманското Царство), кое постоело од 1870 до 1937 година.[2] Претпријатието било едно од петте пионерски железници во Отоманското Царство и ја изградило главната линија на Балканот. Помеѓу 1889 и 1937 година, низ пругите на железницата поминал светски познатиот Ориент-експрес.

Карта на системот на железниците во 1888 година

Железницата била основана во 1870 година со цел изградба на линија од Истанбул до Виена. Поради многуте политички проблеми на Балканот, изградбата започнувала и застанувала, а сопствеништвото често се менувало или делело. До 1888 година, претпријатието не ја исполнило својата цел, а по Првата балканска војна во 1912 година, железницата работела само во Источна Тракија. Железницата продолжила како регионална железница до 1937 година, кога била припоена во Турските железници.[2]

Македонија

уреди

Првата железница во Македонија била изградена кога била воспоставена железничката врска меѓу Солун и Скопје изградена од Ориенталната железница. Врската била изградена по фази:.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Историја на Македонски железници“. Архивирано од изворникот на 2018-05-25. Посетено на 1 февруари 2018.
  2. 2,0 2,1 History of the CO - trainsofturkey.com

Надворешни врски

уреди