Испланирана вечност

„Испланирана вечност“ — стихозбирка на македонскиот поет Методи Бојаџиски, објавена во 2023 година од издавачката куќа „2-ри Август“.

Осврт кон делото

уреди

Збирката содржи околу 50 песни. Уште во првата песна, авторот бара одредени традиционални односи кои ги ништата човечките доблести да се заменат со вредностите кои ќе го направат светот место во кои името, родот и имотот нема да имаат пресудно значење. Потоа, во стилот на француските просветители, тој ја бара вистината во односот на човекот кон природата, допирајќи до древната филозофија која тврди дека животот потекнува од ништото. Во песната „Боже, што ни стори“, поетот го именува ништото како Бог, прашувајќи зошто е зачнат човековиот род. Напати изгледа дека Бојаџиски е недоследен во погледите кон стварноста, но тоа е само привидно, а за тоа говори песната „Неспокој“ во која нѐ уверува дека во потрагата по стварноста се движи како учен и храбар аргонаут. Притоа, во решавањето на некои животни загатки авторот не оди само од општото кон поединечното, туку и обратно, така што на многу лични примери им дава општочовечко значење (на пример, во песните „Некако сум како Матрикс“, „Перење, читање, чистење“). Во песната „Не учи ме по твое“ уште еднаш ја потврдува одлучноста никогаш да не ја напушти насоката која го води до вистината за себе. Во песната „Обединете се“ испраќа порака до човештвото барајќи да се укинат себичноста, алчноста, гордоста и зависта. Меѓутоа, и во песните со интимна содржина тој испраќа сигнали кои делуваат како испрани чисти соништа кои можат лесно да се пренесуваат како лични доживувања. Во песната „Коаг застана времето“ ја упатува пораката дека секогаш кога сакаме да го запреме времето, треба да им се препуштиме на спомените.[1]

Наводи

уреди
  1. Трајче Кацаров, „Испланирана вечност“, Современост, број 3, 2023, стр. 127-128.