Испарувачка гасовита глобула

Испарувачка гасовита глобула или ИГГ — подрачје наводороден гас во далечната вселена со големина од приближно 100 ае, на начин што гасовите кои се во неговата сенка се заштитени од јонизационите УВ-зрачење.[2] Густите подрачја на гас во сенката на ИГГ може да доведат до создавање на ѕвезда.[2] ИГГ биле првично препознанени преку фотографии на Столбовите на Создавањето во маглината Орел снимени од Хабл во 1995 година.[2][3]

Столбови на создавањето“, во маглината Орел содржат ИГГ, што доведува до создавањето на ѕвезди.[1]
Јазли или глобули во погустиот гас во SN 1006.

ИГГ најверојатно се наговестувачите на новите пртоѕвезди. Во внатрешноста на ИГГ гасовите и прашината се погусти од околниот облак на гас и прашина. Гравитацијата го привлекува облакот уште поблиску како што ИГГ го привлекува околниот материјал од облакот. Како што се наголемува густината на облакот глобулата станува пожешка поради тежината на надворешните слоеви и се создава протоѕвезда во внатрешноста на ИГГ.

Постои можност протоѕвездата да има мала маса за да стане ѕвезда. Па така таа станува кафеаво џуџе. Ако пак протоѕвездата има доволно голема маса, густината ќе постигне критично ниво при што температурата надминува 10 милиони келвини во центарот на ѕвездата. Од овој момент, започнува фузиона јадрена реакција која го претвора водородот во јадрото во хелиум и се ослободуваат огромни количества енергија. Тогаш протоѕвездата постанува ѕвезда и се наоѓа на главната низа на ХР-дијаграм.[4]

Изучувањето на 73 ИГГ во Столбовите на Создавањето (маглината Орел) со помош на многу големиот телескоп покажало дека само 15% од ИГГ имаат знаци дека во нивната внатрешност се создаваат ѕвезди.Ѕвездородието не е подеднакво насекаде: најголемиот столб има мало јато на овие извори во главата на столбот.[5]

Наводи

уреди
  1. „Sun's Baby Twin Spotted“.
  2. 2,0 2,1 2,2 Eric W. Weisstein (1996–2007). „Evaporating Gas Globule“. Eric Weisstein's World of Astronomy. Wolfram Research. Посетено на 14 June 2012.
  3. Hester, J. J.; Scowen, P. A.; Sankrit, R.; Lauer, T. R.; Ajhar, E. A.; Baum, W. A.; Code, A.; Currie, D. G.; Danielson, G. E.; Ewald, S. P.; Faber, S. M. (June 1996). „Hubble Space Telescope WFPC2 Imaging of M16: Photoevaporation and Emerging Young Stellar Objects“. AJ (англиски). 111: 2349. Bibcode:1996AJ....111.2349H. doi:10.1086/117968. ISSN 0004-6256.
  4. What happens inside an EGG? Windows to the Universe, . Accessed July 2012
  5. McCaughrean, M. J.; Andersen, M. (2002-07-01). „The Eagle's EGGs: Fertile or sterile?“. Astronomy & Astrophysics (англиски). 389 (2): 513–518. arXiv:astro-ph/0202025. Bibcode:2002A&A...389..513M. doi:10.1051/0004-6361:20020589. ISSN 0004-6361.

Надворешни врски

уреди