Исконски Финци
Исконски Финци (фински: Varsinaissuomalaiset, шведски: Egentliga Finnar) ― историски народ и денешна подгрупа (хеимо) на финскиот народ. Тие живеат во областите на историската покраина Исконска Финска (Варсинаис-Суоми) и Сатакунта и зборуваат југозападни дијалекти на финскиот јазик. Финците имале силни врски со Скандинавија во текот на нивната историја.[1]
Грб на историската покраина Исконска Финска | |
Подрачја со значајно население | |
---|---|
Југозападна Финска и Сатакунта | |
Јазици | |
Фински (југозападни фински дијалекти) | |
Вероисповед | |
Лутеранство | |
Сродни народи | |
Други регионални подгрупи |
Првично, егзонимот „Финска“ и ендонимот „Суоми“ се однесувале само на југозападниот регион населен со исконски Финци. Подоцна, значењето на овие имиња се проширило и се однесува на целата област на современа Финска. Претходно, името „Фин“ значело Лапонци, особено во постарите нордиски саги.[2]
Руското име Сумь, „Сум“, кое се појавува во Новгородските хроники, се верува дека се однесува на Финците. „Сумите“ се споменуваат како сојузници на Швеѓаните во Битката кај Нева во 1240 година.[3]
Саули Ниинисте, 12-тиот претседател на Финска (мандат 2012-2024), е исконски Финец.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Palmunen, Lauri (toim.): Varsinais-Suomen käsikirja – Egentliga Finlands handbok. Turku: Varsinais-Suomen liitto, 2009
- ↑ Hermann Pálsson (1999): The Sami People in Old Norse Literature.
- ↑ „Description of the battle in the First Novgorod Chronicle“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27.; in Swedish. Hosted by the narc.fi [{{{1}}} Архивирано] на {{{2}}}.. See Arkistolaitos/sahkoiset [{{{1}}} Архивирано] на {{{2}}}. and Diplomatarium Fennicum from the menu. Види го и изворниот текст; на руски.
- ↑ „Heimoerot: varsinaissuomalaiset“. yle.fi (фински). Посетено на 14 јануари 2023.