Иполит Римски
Иполит Римски е христијански светец и еден од најистакнатите христијански писатели од Западна Европа од 3 век. Бил епископ и свештеномаченик, ученик на Иринеј Лионски и последен римски отец кој зборувал грчки. Ги напишал „Одбивање на сите ереси“ (Философумена) и „Апостолско предание“.
Свети Иполит Римски | |
---|---|
' | |
Martyr | |
Роден(а) | 170, Рим |
Починал(а) | 235, Сардинија |
Почитуван(а) во | Римокатоличка црква, Православие |
Канонизација | претсоборна |
Слава | Римокатоличка црква: 13 август Православие: 30 јануари |
Заштитништво | Бибиена, коњи, затворски чувари; затворски службеници; затворски работници[1] |
Пострадал за верата во времето на римскиот цар Клаудиј. Кога во Рим девицата Хрисија била немилосрдно мачена, тогаш зад неа застанал пред мачителите Иполит и ги изобличил мачителите. Заради тој протест и тој бил даден на суд, суден и oсуден на смрт по долготрајните измачувања[2].
Православната црква неговиот ден го чествува на 30 јануари по стар стил.
Наводи
уреди- ↑ Patron Saints Index: Saint Hippolytus of Rome
- ↑ „Охридски пролог“ стр. 41