Инцидент во Керчкиот Проток (2018)

На 25 ноември 2018 година дошло до судир меѓу воените морнарици на Руската Федерација и Украина во Керчкиот Проток.[1] Во судирот учествувале три украински бродови, кои биле сите запленети, и десетина руски бродови, поддржани од летала на руското воено воздухопловство. Поради несогласуваата во соопштенијата на двете страни во судирот, сè уште не се знае точно што се случило за време на инцидентот. По судирот, дваесетина членови на украинската морнарица биле лишени од слобода кои според украинската власт се заробени, а според Русија, тие се уапсени и чекаат судска одлука.[2][3] По предлог на претседателот на Украина, Петро Порошенко, украинскиот парламент поради судирот прогласил воена состојба во 10 погранични области во траење од 30 дена, почнувајќи од 28 ноември.[4]

Украинскиот реморкер Јани Капу нападнат од рускиот патролен брод Дон за време на инцидентот, снимка на украинската безбедност, гледано од камера на еден од двата украински артилериски бродови

Наводи

уреди
  1. „Русија заплени три украински бродови кај Крим, Украина најави воведување воена состојба“. Сакам Да Кажам. 25 ноември 2018. Посетено на 27 ноември 2018.
  2. „Порошенко ја повика Русија да ги врати заробените украински бродови“. Нова Македонија. 26 ноември 2018. Посетено на 27 ноември 2018.
  3. „Притвор за двајца украински морнари во Русија“. Радио Слободна Европа. 27 ноември 2018. Посетено на 27 ноември 2018.
  4. „Украина прогласи воена состојба во период од 30 дена“. Радио Слободна Европа. 26 ноември 2018. Посетено на 27 ноември 2018.

Надворешни врски

уреди