Windows Internet Explorer
Windows Internet Explorer (порано Microsoft Internet Explorer скратено MSIE или IE) се низа на графички прелистувачи развиени од Microsoft и вклучени како дел од Microsoft Windows линијата на оперативни системи почнувајќи од 1995 година.
Windows Internet Explorer Составен дел од Microsoft Windows | |
---|---|
Internet Explorer 9 во Windows 7 | |
Подробно | |
Тип | прелистувач |
Се содржи во | Windows 95 OSR 1 и понови Windows NT 4 и понови |
Сродни делови | |
Windows Filtering Platform Windows Update WinSock Верзии: 1 · 2 · 3 · 4 · 5 · 6 · 7 · 8 · 9 · 10 |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Историјат
уредиНеговото прво појавување му било во пакетот со оперативниот систем Windows 95. По неговото прво појавување, излегле и верзии за оперативните системи Мек ОС и јуникс, но сепак опстанала само верзијата за Виндоуз. До 1999. тој бил најзастапен и најшироко користен пребарувач. Во 2006. година имал преку 900 милиони корисници ширум светот. Најновата верзија на Internet Explorer 7 првично била наменета за најновиот оперативен систем Windows Vista, иако тој може да се користи и за верзијата на Windows XP со инсталиран сервисен додаток 2.
Паралелно со развојот на Internet Explorer, биле развиени и други слични пребарувачи, од кои некои на крајот имаат станато вистински конкуренти на Internet Explorer. Денеска најголем конкурент на Internet Explorer е Mozilla Firefox, кој секојдневно придобива сè повеќе и повеќе корисници. Освен Firefox, тука се и останатите доста јаки конкуренти на Explorer како што се Opera, Netscape, Avant и други. Од скорo и новиoт претражувач Google Chrome претставува нов и голем конкурент на ова поле.
Неколкупати да се зборува за стабилноста и сигурноста на Internet Explorer. Откако шестата верзија била искочена во 2001. година, Microsoft не објавил никакви додатоци за неа. Различни компјутерски експерти, велат дека Internet Explorer не е безбеден и дека овозможува лесен премин на разни штетници од интернет. Додека Microsoft има пауза од 5 години поради ова прашање, Mozilla и останатите имаат развиено свои пребарувачи и во поглед на сигурност се сега многу далеку понапред од Internet Explorer. Иако, во светот има голем број на компјутерски корисници кои не знаат многу за овие работи, а Internet Explorer доаѓа со било која верзија на Windows, почнувајќи од верзијата Windows 98, па поради тоа и понатаму тој има многу корисници.
Тековна верзија 9 значајно е унапредена и по изглед и по безбедност, и претставува голема конкуренција за останатите пребарувачи. Една од главните проблеми е тоа што оваа верзија е достапна само за Windows Vista 7.
Оваа статија за програмска опрема е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
„Windows Internet Explorer“ на Ризницата ? |