Институт за регулирање на времето (роман)
Институт за регулирање на времето (турски: Saatleri Ayarlama Enstitüsü) е роман од Ахмед Хамди Танпинар.
Најпрво бил објавуван во продолженија во еден весник во 1954 година. Како книга бил објавен во 1961 година. Издавачот Јап Креди Јајинлари го објавил повторно романот во 1999 година, како дел од кампањата за објавување на творештвото од Танпинар[1].
Содржина
уредиГлавниот лик во романот е Хајри Ардал, кој е всушност раскажувачот раскажувајќи го во вид на мемоари.
Романот зборува за формирање на Институтот за регулирање на времето, кој го менува времето на часовниците на Турција според времето што се користи во Европа. Хајри, се среќава со психологот Д-р Рамиз, кој го запознава Ардал со Халит регулаторот. Ардал и Халит одлучуваат да го основаат институтот откако ќе разговараат за времето[2].
Дејствието е реминисценција на 1926 година и Грегоријанскиот акт на измена на календарот од Кемал Ататурк.
Карактери
уреди- Хајри Ирдал го нарушува чувството за време во рамките на делото. Изјавува дека Ирдал претпочита живот „во кој безделничноста, или губењето време е извор на среќа“, отколку точно верско временски детерминирано општество, промовирано од Ататурк.
- Мисхра ...еден од оние излишни полумодерни мажи што ни се познати од руската литература...
- Др Рамиз - западно ориентиран, студирал во Виена, Австрија, ужива да ги слуша приказните на Јирдал за традиционалниот турски живот.
- Халит Ајарци - Халит Регулаторот...
- Жената и децата на Ирдал
- Абдуселам Беј - Таткото на Ирдал, опишан како „контролор“
- Нури Ефенди- Мудриот старец, часовничар...Неговите познати зборови „Регулативата ги брка секундите!“ Подоцна станаа инспирација за Халит Ајариќ да го основа Институт за регулирање на времето[3].
Концепт
уредиРоманот „дискутира за модерноста и модерните општества на забавно имагинативен начин“ кафкијански сведувајќи го „Институтот за регулирање на времето“ за измислените часови за модерноста...како концепт овој роман ги нарушува традиционалните нивоа на раскажувања откривајќи некои универзални длабочини кои се алегорија за цивилизациските апсурди. Романот, иако неговото вистинско откритие и признавање се случило многу подоцна отколку кога бил за првпат објавен, претставува сериозна пресвртница во развојот на современата турска литература, значително влијаејќи на неколку помлади генерации турски автори кои ја издигаат турската литература паралелно со светските литературни вредности. Еден од најизразитите претставници кои биле инспирирани и под суштинско влијание на овој автор и овој роман бил и нобеловецот Орхан Памук, кој на повеќе места го истакнува исклучителното значење на овој автор[4].
Наводи
уреди- ↑ Оrhan Pamuk has called Ahmet Hamdi Tanpinar
- ↑ „The Time Regulation Institute“. Архивирано од изворникот на 2020-04-28. Посетено на 2020-04-14.
- ↑ The Time Regulation Institute by Ahmet Hamdi Tanpınar
- ↑ Orhan Pamuk, winner of the Nobel Prize in Literature