Институт Арни Магнусон за исландски студии


Институтот Арни Магнусон за исландски студии (исландски:Stofnun Árna Magnússonar í íslenskum fræðum) институт при министерството за образование, наука и култура на Исланд кој врши истражувања во Исланд, особено во врска со исландскиот јазик и книжевност, и има за задача проширување на знаењата во тие области како и чување и проширување на колекциите кои ги поседува. Наречен е според Арни Магнусон, собирач на средновековни исландски ракописи, кој живеел помеѓу 17-18 век.

Станува збор за универзитетска институција со свој управен одбор и финансирање. Министерот за образование, наука и култура назначува пет члена на управниот одбор со мандат од 4 години. Три члена се назначуваат според именувањата на универзитетскиот сенат и двајца без номинирање од кои едниот има својство на претседавач. Министерот по препорака на управниот одбор назначува директор со мандат од 5 години.

Историја

уреди
 
Страна од кожниот ракопис Ланднаама

Откако Исланд се стекна со делумна автономија во 1904 година, исландското собрание Алтинги(Alþingi) започна петиција за враќање во Исланд на барем поголем дел од колекцијата Арнамагнее, ракописи и други документи собрани во доцниот 17 и раниот 18 век од страна на исландскиот антикварист и научник Арни Магнусон. Во 1927-28 година, во исландските државни архиви беа вратени четри ракописи и околу 700 правни документи. Во 1962 година беше основан засебен институт за исландски ракописи (на исландски: Handritastofnun Íslands). Десет години подоцна, откога започна враќањето на ракописите од Копенхаген во Рејкјавик, името беше променето во Stofnun Árna Magnússonar á Íslandi или скратено Árnastofnun.

Институтот Арни Магнусон (исландски: Stofnun Árna Magnússonar) првобитно бил академски институт со локација во Рејкјавик, Исланд. Институтот имал за задача зачувување и проучување на средновековните исландски ракописи како што се Ланднаама, Хејмскрингла и Исландските саги. На 1 септември 2006 година, институтот беше споен заедно со Институтот за исландски јазик, Институтот за исландска лексикографија, Сигурдхар Нордал Институтот, и со Топонимскиот институт на Исланд при што настанал сегашниот Арни Магнусон институтот за исландски студии.

Д-р. Вестејн Оласон беше назначен за директор на институтот за Исландски студии на 12 септември 2006 година. Од 1 март 2010 година, за нов директор е назначен професор Гудрун Нордал (Guðrún Nordal) со мандат од 5 години.

Локација

уреди

Институтот е сместен во Арнагардур (Árnagarður) зградата која е дел од кампусот на Исландскиот универзитет покрај Suðurgata во Рејкјавик.

Ракописи

уреди

Во институтот се чуваат бројни ракописи со историјска и културна вредност, при што поголемиот дел од нив се дел од Арнамагнен колекцијата ракописи. Помеѓу овие се:

Надворешни врски

уреди

64°08′20″N 21°57′05″W / 64.13889° СГШ; 21.95139° ЗГД / 64.13889; -21.95139