Арнагардур
Арнагардур (исландски: Árnagarður) — зграда при кампусот на Исландскиот универзитет. Наречена е според името на исландскиот научник од XVIII век, Арни Магнусон. Во истиот објект се наоѓа и Арни Магнусонoовиот институт за исландски студии.
Поголемиот дел од зградата е составен од канцеларии за вработените и предавални, а содржи и мало бифе. Зградата во најголем дел ја користи факултетот за хуманитарни науки.