Индиски леопард
Индиски леопард | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Carnivora |
Семејство: | Felidae |
Род: | Panthera |
Вид: | P. pardus |
Подвид: | P. p. fusca |
Триномен назив | |
Panthera pardus fusca |
Индискиот леопард (Panthera pardus fusca) е подвид на леопард кој живее на индискиот потконтинент, најмногу во Индија.
Распространетост и живеалиште
уредиИндискиот леопард е распространет низ целиот потконтинент, вклучувајќи и граничните региони на Непал, Бутан, Бангладеш, Пакистан и јужна Кина. Живеалиштето варира од суви листопадни шуми, пустини, тропски дождовни шуми и северните борови шуми.
Опасности
уредиИ покрај неговата голема распространетост, на индискиот леопард му се закануваат неколку опасности. Животното го дели живеалиштето со други видови како азиски лав, бенгалски тигар, мечка, волк, азиски слон, хиена и диви кучиња. Овие животни можат да убијат младенчиња на леопард, а лавовите и тигрите можат да нападнат дури и возрасна единка. Покрај неговите природни непријатели, главна закана претставуваат и луѓето. Веќе со години, овој вид е загрозен како последица на уништувањетоа на природното живеалиште и ловот. Во некои делови во Индија, леопардот живее во близина на човечки населби. Поради достапноста, тој ја напаѓа стоката што доведува до конфликт меѓу леопардите и луѓето. За да се избегнат овие проблеми, индиското министерство за шуми редовно поставува стапици во потенцијално конфликтните региони. Доколу леопардот се фати во стапицата, тој потоа е пуштен во соодветна средина.
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Panthera pardus“. IUCN Red List. Version 2007. International Union for Conservation of Nature. 2002. Посетено на 12 август 2008. Податоците содржат и објаснувања за конзервацискиот статус на овој вид.
Надворешни врски
уреди„Индиски леопард“ на Ризницата ? |
„Panthera pardus fusca“ на Викивидовите ? |
- (англиски) HUMAN - LEOPARD CONFLICT MANAGEMENT GUIDELINES, VIDYA ATHREYA & ANIRUDDHA BELSARE, 2007, MAHARASHTRA STATE FORESTDEPARTMENT, INDIA (Pdf Document), This booklet or any part of it may be freely reproduced but has to be acknowledged as ‘from Athreya & Belsare 2007’ Архивирано на 8 октомври 2007 г.