Индиска организација за вселенско истражување

Индиската организација за вселенско истражување (англиски: Indian Space Research Organisation, хинди: भारतीय अन्तरिक्ष अनुसंधान संगठन, Bhāratīya Atariṣ Anusadhāna Sagaṭhana) или ISRO, (хинди: इसरो, Isarō) е индиска национална вселенска агенција. Со штаб во Бангалор, ISRO вработува околу 20.000 луѓе и има буџет од околу 815 милиони $ (март 2006). Има задача да ја развива индиската вселенска програма и другите технологии поврзани со вселената.

Индиска организација за вселенско истражување
भारतीय अन्तरिक्ष अनुसंधान संगठन
логото на ISRO
Основана1972
Вселенска станицаTERLS, SRLS, BRLS
УправникГ. Мадхаван Наир
Буџет815 милиони $(2006)

Во 2015 г. организацијата ја пуштила во орбита својата прва вселенска опсерваторија, наречена „Астроатат“ — првата, качувајќи ја со ракетата PSLV-XL.

Надворешни врски уреди