Инг-Мари Карлсон
Инг-Мари Гунила Јесика Карлсон (25 февруари 1957 година) е шведска глумица.[1] Карлсон живее во Седермалм, Стокхолм.
Карлсон се школувала во Шведската национална академија за мимика и глума во Гетеборг и дипломиралa во 1982 година. После тоа, таа работeла во Готатеатерн и Градскиот театар Борис. Во 1997 година, таа учествувала во „Alla var dar“ на Фолкан, вклучувајќи ги улоги како Кјел Бергвист и Карина Лидбом. Во 2001 година, таа била номинирана за Златна маска за нејзината улога во Dagens dubbel во театарот Халмштад со Томас Петерсон. Таа исто така, се појавила во Смртта на трговскиот патник во Градскиот театар во Хелсингборг, во која исто така глумеше и Ларс-Ерик Беренет. Во летото 2007 година, Карлсон учествувала во Den stora premiären на Фредиксдалштатерн во Хелсингборг.
Наводи
уреди- ↑ „Ing-Marie Carlsson“ (шведски). Swedish Film Institute. Посетено на 22 February 2010.
Надворешни врски
уреди- Инг-Мари Карлсон на Семрежната филмска база на податоци (англиски)