Илјада зборови (филм од 2012)

Илјада зборови (англиски: A Thousand Words) - американски филм од 2012 година, во режија на Брајан Робинс, по сценариото на Стив Корен. Главните улоги ги толкуваат: Еди Марфи, Клиф Кертис, Кери Вашингтон и Кларк Дјук.

Синопсис

уреди

Џек Мек Кол (го игра Марфи) е продажен агент во издавачка куќа. На работното место, тој е нападен, вообразен и самоуверен. По еден разговор со спиритуалниот учител Д-р Санџи (го игра Кертис), во дворот на куќата, Џек здогледува дрво. Притоа, при секој изговорен збор, од дрвото паѓа по еден лист. Д-р Санџи му кажува на Џек дека дрвото е поврзано со него и дека штом тоа остане без лисја, Џек ќе умре. Бидејќи му остануваат само илјада зборови на располагање, Џек мора да се присилува да не зборува. Неговото однесување не можат да го сфатат неговите блиски, а сопругата (ја игра Вашингтон) го напушта, заедно со малиот син. Најпосле, од дрвото паѓаат сите лисја, а Џек оди на гробот на својот татко и му кажува дека му простува поради тоа што го напуштил семејството додека Џек бил дете. Тогаш се случува чудо и Џек не умира, но по необичната случка, тој се менува целосно: ја напушта својата луксузна куќа, се враќа кај сопругата и со неа се преселува во скромен дом, а истовремено се откажува од своето работно место.[1]

Наводи

уреди