Големоилинска Река
река во Македонија
(Пренасочено од Илинска Река)
Големоилинска Река (или само Илинска Река) — река, односно помал планински поток, која всушност претставува изворишна челенка на Црна Река. Извира високо на Илинска Планина во долот под нејзиниот највисок врв Лиска над селото Големо Илино под името Утов Дол.[1]
Големоилинска Река | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | состав со Церска Река, пред с.Железнец |
Особености на сливот |
Над селото Големо Илино во месноста Попова Краст извираат Церска и Воденичка Река, при што потоа тие се спојуваат со Попов и Зли Дол со што се формира Големоилинска Река која минува низ селото Големо Илино.[1] Пред селото Железнец се спојува со Церската Река и продолжуваат да течат под заедничкото име Црна.[2] Над селото Железнец, кај кота 734 м. во неа се влева Зли Дол, а таму е и изворот на Црна Река.[1]
Галерија
уреди-
Глетка од горното течение на реката
-
Глетка од горното течение на реката
-
Поглед на МХЕ „Големоилинска Река“
-
Малата хидроцентрала во близина на селото Големо Илино
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Големоилинска Река на Ризницата ?