Жолтица

(Пренасочено од Иктерус)

Жолтица (исто така позната како иктерус, од грчкиот збор ίκτερος) се јавува како последица на зголемено ниво на билирубинот во крвта. Се манифестира со пожолтување на склерите, кожата и слузокожата.

Жолтица
Жолтица на кожата предизвикана од хепатална инсуфициенција
СпецијалностИнтерна медицина, заразна болест, хематологија, гастроентерологија Уреди на Википодатоците

Постојат повеќе видови на жолтица:

  • прехепатална жолтица (при хемолиза)
  • хепатоцелуларна жолтица (при хепатит, цироза)
  • опструктивна жолтица (при опструкција на жолчните патишта од метастази, жолчни камења)
  • неонатална жолтица.