Иди
Иди — во римскиот календар, референтен ден во средината на месецот, на 13-ти или 15-ти во зависност од месецот.
Етимологија
уредиПоимот на латински се нарекува īdus (само женски род множина). Би можело да произлегува од глаголот iduare, „дели, подели“, што ја определува положбата на Идите во средината на месецот. Според римскиот писател Варон, поимот потекнува од етрурскиот itus или сабинскиот idus, што значи „поделба“.[1]
Одлики
уредиИдите се наоѓаат приближно во средината на месеците од римскиот календар, нивниот датум се менува во зависност од месецот:
- 15-тиот ден во текот на полните месеци, што содржат 31 ден (Martius, Maius, Quintilis и October);
- 13-тиот ден во другите месеци: месеците пократки од 31 ден (Ianuarius, Februarius, Aprilis, Iunius, Sextilis, September, November и December) и можниот интеркаларен месец Mercedonius.
Ноните се 8. ден пред идите и се случуваат на 5. или 7. ден од месеците. Поради нивната оддалеченост, идите и ноните од истиот месец ја носат истата нундинска буква, означувајќи го нивното место во римската седмица.
Денот што му претходи на идите е обележан како pridie idus (скратено како Prid. Id.). Останатите денови по ноните и пред идите се бележат со број, броејќи се наназад од идите (самиот референтен ден е вклучен во броењето). Така, датумот на денот по ноните е обележан ante diem octavum idus (скратено како ad VIII Id.), што значи „на осмиот ден пред идите“. ДенОТ пред pridie idus est ante diem tertium idus (скратено како ad III Id.), „на третиот ден пред идите“. На сличен начин се обележува и денот по идите, броејќи наназад од календите на следниот месец (неговиот број зависи од бројот на денови во месецот).
Историја
уредиМожно е на почетокот на римскиот календар идите да соодветсвувале на полната месечина. Ова соодветствување веројатно престанало поради последователните промени на календарот.
Јулиј Цезар бил убиен на мартовските иди (т.е. 15 март) во 44 година пр. н. е., на почетокот на состанокот на Сенатот во Помпеевата курија на Марсовото Поле.
Наводи
уреди- ↑ Varron. De lingua latina (латински). VI.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Chris Bennett's reconstruction of early Roman dates in terms of the Julian calendar
- Early Roman Calendar – History
- Roman Date Calculator The North American Institute of Living Latin Studies
- „Theological commentary on the daily Gospel Reading“. Apostolic Movement (Roman Catholic Church) (англиски, француски, и шпански).