Игуанодон од Нова Гвинеја
"Игуанодон" од Нова Гвинеја (англиски: New Guinea Iguanodon) наводно е криптид од островот Нова Гвинеја.
Вид | Криптид |
---|---|
Подвид | „Жив диносаурус”, Езерско чудовиште |
Подрачје | Папуа Нова Гвинеја |
Живеалиште | острвот Нова Гвинеја |
Опис на криптидот
уредиСпоред описот наликува на диносаурусот Игуанодон. Голем е како камион за отпадоци, се движи на две задни нозе потпирајќи се на опашката, на предните нозе има остри канџи и се служи со нив да приближи гранки од дрвјата кон усните, има форма на глава слична на кравјата (само без уши и рогови), крлушеста кожа и долга опашка слична на крокодилската.
Можни објаснувања за овој криптид
уредиСпоред изнесените факти во извештаите за повеќето видувања на овој криптид може да се каже дека се работи за измислен настан. Во овие извештаи изнесени се детали со кои е прикажан изглед на видот на диносаурусот Игуанодон бернисартенсис (Iguanodon bernissartensis) од почеток на 20-от век. Денес знаеме дека вакави описи на овој вид се неточни, затоа што Игуанодон не бил голем, тром, ладнокрвен, чудовиштен влекач прекриен со крлушкаста кожа како кај гуштерите и крокодилите, кој ја влече опашката зад себе. Освен тоа во овој случај криптидот е животно кое е прилагодено за водоземниот живот, што во споредба со Игуанодон драстично е различно бидејќи Игуанодон е прилагоден на живот на копно.
Хронологија на средби со оваа суштество и видувања
уреди- Во 1999 година во езерото Мари видено е наводно големо суштество. Истата година пасторот на Христијанската адвентистичка црква наводно видел суштество со сличен изглед со оној на брегот на езерото.