Игра на судбината (филм на Питер Челсом)

Игра на судбината (англиски: Serendipity) – американски филм, во режија на Питер Челсом. Главните улоги ги толкуваат Џон Кјузак и Кејт Бекинсејл.[1]

Содржина

уреди

Еден зимски ден, во текот на божиќниот метеж низ продавниците, Џонатан (го игра Кјузак) и Сара (ја игра Бекинсејл) се среќаваат во една продавница. Меѓу нив веднаш се јавува голема привлечност, иако и двајцата веќе имаат сериозни врски. Тие ја минуваат вечерта заедно, шетајќи низ улиците на Менхетн, а кога ќе се приближи крајот на вечерта, Џонатан предлага да си ги разменат телефонските броеви. Сепак, Сара предлага да ја остават судбината да се погрижи за нивната иднина.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Игра на судбината“, Антена, број 952, 23.9.2016, стр. 25.