„Иван“ — српски филм од 1997 година, во режија на Ратиборка Ќерамилац. Сценариото е дело на Мирјана Лазиќ, а главните улоги ги играат: Данило Лазовиќ, Владица Милосављевиќ, Соња Савиќ, Миодраг Кривокапиќ, Драган Максимовиќ и Бора Ѓорѓевиќ. Веселко Крчмар е директор на фотографијата, а Бора Ѓорѓевиќ е автор на музиката. Во 1997 година, филмот влегол во најтесниот избор на фестивалот „При Европа“ во Берлин.[1]

Синопсис

уреди

Откако се повредува во училиштето, седумгодишното дете Иван е примен на лекување во болницата. Додека закрепнува, неговиот грижлив татко Павле (го игра Лазовиќ), поради некои медицински несовпаѓања, почнува да се сомнева дека е биолошки татко на детето. Така, неговиот среќен брак се претвора во драма која нема решение. Сепак, љубовта кон детето му дава сила да ги совлада сите искушенија...

Наводи

уреди