Иван Раденовиќ (роден на 10 јуни 1984 година) бил поранешен српски професионален кошаркар кој последен пат настапувал за кошаркарската екипа на Спиру Шарлроа од белгиската лига. Во својата кариера настапувал на позициите преден напаѓач и центар. Иван настапувал и во натпреварите од колеџ кошарката и тоа за составот на Аризона Вајлдкетс (диви мачки).

Иван Раденовиќ како играч во Црвена ѕвезда

Почетоците

уреди

Иван Раденовиќ е роден во Белград, Социјалистичка Република Србија, во поранешната држава Југославија. Почнал да игра кошарка во јуниорските тимови на екипата на белградски Партизан. Неговиот талент дошол до израз за време на турнирот, односно Игрите на Алберт Швајцер во Германија во 2002 година, каде што настапувал за младинскиот тим на селекцијата на Србија. На тој турнир имал просек од 7,4 поени и 3,0 скока по натпревар, додека ударите ги упатувал со прецизност од 59,3 проценти (16 од 27). Својот прв натпревар во сениорскиот тим на екипата на Партизан го имал во сезоната 2002-2003.

Факултетска кариера

уреди

На средината на сезоната 2003–04, Раденовиќ му се придружил на машкиот кошаркарски тим Аризона Вајлдкетс. Во таа екипа тренер бил Лут Олсон. Иван Раденовиќ го имал еден од најуспешните први натпревари во историјата на Вајлдкетс на 28 декември 2003 година, постигнувајќи 17 поени против екипата на Универзитетот Либерти.[1][2] Истата сезона, Раденовиќ ги заслужил и ја освоил награда. Тој бил одлично засилување за тимот на популарните Диви мачки на кој му било потребна помош на позицијата на висок играч. Таа сезона Раденовиќ имаl просек од 5,8 поени и 2,9 скока по натпревар. Упатувал удари од игра за три поени со прецизност од 25,7% за два поени од 39,7% и 76,7% од линијата за слободни фрлања.[3][4]

Во текот на сезоната 2004–05, играта на Раденовиќ многу била подобрa. Тој бил клучен играч во тимот на Вajлдкeт кој загубил од составот на Илиноис Фајтинг Илини во натпреварот во 2005 година на NCAA машката дивизија I кошаркарски турнир Елитна осумка. Во текот на сезоната Раденовиќ имал просек од 8,6 поени, 5,5 скока по натпревар[5] и остварил 4 резултати со двоен учинок (дабл-дабл) и на шест натпревари имал двоцифрен учинок на скокови (над 10 скокови).[6] Забележителен настап имал на натпреварот против составот на Pac-10 од УКЛА кога постигнал 19 поени и 12 скока.[7][8] Истата сезона Раденовиќ бил избран за играч со најдобар напредок помеѓу своите соиграчи.[6]

Во сезоната 2005-2006, Раденовиќ бил клучен играч во тимот на Вајлдкетс и покрај тоа што имал големи проблеми надвор од теренот. Тој бил прогласен за ко - МВП на тимот од страна на неговите соиграчи. Истата сезона тој имал просек од 12,5 поени и 6,3 скока по натпревар.[9] Постигнал и четири дабл-дабл резултати (над 10 поени и над 10 скокови по натпревар) во текот на сезоната, најмногу во неговиот тим.

Сениорска сезона 2006-07 му била година во која бил лидер во тимот исполнет со многу талентирани играчи. Отсуството на скоковите на соиграчот Кирк Волтерс во текот на целата сезона го нарушил планот и играта на екипата на Дивите мачки. Дивите мачки биле принудени да се потпрат на помладите членови во составот како што биле: Чејс Будингер и Маркус Вилијамс. Тимот загубил од составот на Пердју во првото коло на турнирот во месец март 2007 година. Во сезоната 2006–2007, Раденовиќ остварувал во просек по 15,1 поен и 7,6 скокови и 2,1 асистенции по натпревар. Ударите ги упатувал со прецизност од 50,7% од поле.[10] Неговиот врв на сезоната бил на 3 март 2007 година на натпревар со вкупно постигнати 37 поени, 9 скока и 7 асистенции во победата над екипата на Стенфорд во продолженија од 85:80.[11] На тој натпревар изведувал слободни фрлања 11 од 11. Бил чуван, односно на него директно внимавале двајца идни играчи од НБА лигата, едниот, пикот од топ 14, Брук Лопес и неговиот брат близнак Робин Лопес.[12]

Професионална кариера

уреди

Откако останал без можноста за драфт на НБА драфтот во 2007 година, Раденовиќ се приклучил на екипата на Лос Анџелес Клиперс во Летната лига во Лас Вегас.[13] Тој настапил само на три од вкупно петте натпревари за составот на Клиперси, по што се разделил со тимот. Во месец август 2007 година, Раденовиќ се преселил во Европа и потпишал двегодишен договор со кошаркарската екипа на Акасвају Гирона од шпанската лига АЦБ.[14] По една сезона во составот на Гирона, тој се преселил во клубот од грчката лига Панелиниос, потпишувајќи едногодишен договор.[15]

Во месец септември 2009 година, Раденовиќ потпишал едногодишен договор со силниот руски клуб ЦСКА од Москва,[16] но на крајот на месец декември неговиот договор бил раскинат.[17] Тој ја завршил сезоната 2009-10 во шпанскиот тим Кахасол Севиља.[18] Во месец август 2010 година, се преселил во екипата на Менорка Баске, до крајот на сезоната 2010-11.[19] Во месец јули 2011 година, Раденовиќ потпишал двегодишен договор со кошаркарската екипа на Доњецк.[20]

На 24 септември 2013 година потпишал со екипата на Црвена ѕвезда за сезоната 2013–14.[21] На 10 натпревари во Евролигата со составот на Црвена ѕвезда имал просек од 8,2 поени, 3,5 скока и 1,7 асистенции по натпревар.

На 25 јануари 2015 година, Раденовиќ потпишал договор со полскиот клуб АЗС Кошалин за време на остатокот од сезоната 2014–15 во ПЛК лигата.[22]

На 6 октомври 2015 година, потпишал отворен договор со босанскиот тим на Игокеа.[23] Во месец јануари 2016 година, ја напуштил кошаркарската екипа на Игокеа[24] и потпишал со составот на Хапоел Холон за време на остатокот од сезоната 2015-16 во израелската прва лига.[25]

На 24 јануари 2017 година, Раденовиќ потпишал со белгискиот клуб Спиру Шарлероа за време од остатокот од сезоната 2016–17.[26]

Наводи

уреди
  1. Liberty vs. Arizona - Recap - December 28, 2003
  2. Arizonaathletics.com Архивирано на {{{2}}}.
  3. Arizona Wildcats Statistics - 2003-04
  4. Arizonaathletics.com Архивирано на {{{2}}}.
  5. Arizona Wildcats Statistics - 2004-05
  6. 6,0 6,1 Arizona athletics 2006 season Архивирано на {{{2}}}.
  7. Olson within three Pac-10 wins of Wooden
  8. Arizone.edu papers
  9. Arizona Wildcats Statistics - 2005-06
  10. Arizona Wildcats Statistics - 2006-07
  11. Arizona 85, Stanford 80, OT
  12. Arizona 85, Stanford 80 - Box score - March 3, 2007
  13. „2007 Clippers Summer League Team“. Архивирано од изворникот на 2016-02-16. Посетено на 2022-02-11.
  14. „El Akasvayu Girona anuncia el fichaje de Ivan Radenovic“. acb.com (шпански). Архивирано од изворникот на 2017-02-16. Посетено на 12 February 2016.
  15. Panellinios tabs Ivan Radenovic
  16. CSKA signed Ivan Radenovic[мртва врска]
  17. CSKA and Ivan Radenovic part ways
  18. Ivan Radenovic to Cajasol
  19. Menorca Bàsquet signs Ivan Radenovic
  20. BC Donetsk signs Radenovic
  21. „Ivan Radenović u crveno-belom“ (српски). kkcrvenazvezda.rs. Архивирано од изворникот на September 27, 2013. Посетено на 24 September 2013.
  22. Ivan Radenovic signs with AZS Koszalin
  23. „Igokea adds Radenović“. abaliga.com. 6 October 2015. Архивирано од изворникот на October 6, 2015. Посетено на 6 October 2015.
  24. „Ćapin dobio otkaz, Radenović nas napustio“. igokea.rs (српски). 9 January 2016. Архивирано од изворникот на 2021-09-24. Посетено на 12 February 2016.
  25. Ivan Radenovic signs with Hapoel Holon
  26. Ivan Radenovic inks with Spirou Charleroi

Надворешни врски

уреди