Зорица Стојковска

Зорица Стојковска е радио водител и фотограф. Родена е на 11 Август 1989та година во Скопје каде завршила основно и средно образование, по што се запишува на правни студии. Работела низ повеќе радио станици низ Скопје и Македонија.


Кариерата ја започнува во Канал 77 во 2011тата година, каде е водителка на емисијата Дневна Доза до 2014тата година.

Нејзиниот глас подоцна го слушаме и во Радио Слободна Македонија. Подоцна во 2015тата решава да започне кариера како фотограф и работи 2 години како фотограф во Америка.

По нејзиното враќање во Скопје, повторно се навраќа на старата љубов- радиото. Секојдевно работи во нејзиното матично радио- Радио Индекс (91,3 фм), но и во Македонско Радио- Радио 2 и Радио Слободна Македонија. Нејзиниот глас можете често да го слушнете во разни ТВ проекти, радио реклами и ТВ серии.