Зора (божица)

Божица

Зора, Зорја божица во словенскиот пантеон.

Зора

Особености

уреди

Зора е божица на утрото и убавината, но се спомнуваи како божица на полноќ, на глувото доба. Според некои толкувања таа е дел од тријадата што ја чинат Деница и Вечерница. Трите женски божества се сметаат за ќерки на Дажбог и нивната должност е да го чуваат окованиот пес за да не го уништи светот. Според легендите, Зора секое утро ги отвора портите на Источната палата за да може Дажбог да јава по небото, а навечер, кога таткото ќе се врати таа ги затвора портите.[1]

Наводи

уреди
  1. Нина Анастасова - Шкрињариќ, Словенски пантеон, Нина Анастасова - Шкрињариќ, Менора, Скопје, 2004, стр. 194.