Зоран Мише
Зоран Мише (Zoran Mise) — македонски уметник-графичар. Живее и работи во Софија.
Зоран Мише | |
---|---|
Од наградувањето на „Пријатели на морето“, Бургас 2018 | |
Роден(а) | 8 август 1984 Охрид, СР Македонија |
Занимање | графички дизајнер |
Животопис
уредиРоден е во 1984 година во Охрид, Република Македонија.
Студирал на „Националната бугарска уметничка академија“ во Софија, каде во текот на 2006 година ги завршил студиите во отсек „Графика“ кај доцент Димо Колибаров,[1] а во текот на 2012 година магистрирал во класата на доцент Јохан Јотов. Член е на Сојузот на бугарските уметници, секција „Графика и илустрација”..[2]
Заедно со уметниците Горан Тричковски, Васил Ангелов и Павел Целкоски го основал графичкото студио Принт Нест.[3]
Мише учествувал на бројни уметнички изложби, биенали и триенали на графиката во Бугарија и во други земји (Австрија, Турција, Романија, Швајцарија, Италија, Кина, Шпанија, Македонија, Србија, САД, Чешка и Јапонија).[4]
Носител е на многу награди, меѓу кои:[2]
- 2009 - Награда за млад автор од „Графички мини-принт“ 09 на Галеријата „Сезони“ - Софија, Бугарија
- 2010 - Награда за млад автор од шестото „Меѓународно триенале на графичките искуства“ - Софија, Бугарија
- 2015 - Специјална награда на куратор на II Меѓународна изложба за печат „Барање на изгубениот рај“ - Гранада, Шпанија
- 2015 - Трета награда (Bronze Needle) од „Меѓународно биенале на сува игла” – Ужице, Србија
- 2016 - Специјална награда на градоначалникот на Монтана од „Конкурс за графика, живопис и скулптура” - Монтана, Бугарија
- 2017 - Финалист на 13-то меѓународно биенале на графиката "PREMIO ACQUI 2017" Акуи Терм, Италија
- 2017 - Награда за млад автор од „Национална графичка изложба - Георги Герасимов” – Пазарџик, Бугарија
- 2017 - Второ место од Национален конкурс за класични графички техники - Софија, Бугарија
- 2018 – Награда Тодор Атанасов од конкурсот „Пријатели на морето“ - Бургас, Бугарија[5]
Наводи
уреди- ↑ Црно-бели графики и скулптури во „Црвената точка“ Архивирано на 2 март 2021 г., NewsArt.net, 26.02.2014
- ↑ 2,0 2,1 Покана за изложбата „Моя път под вал“ на Зоран Мише, Галерија „Станислав Доспевски“, Пазарџик
- ↑ Тројца Македонци и еден Бугарин се обединија во графичкото студио Принт Нест, Кафене.бг, 04.05.2015
- ↑ http://nationalgallery.mk/tag/zoran-mishe-ohrid/ Изложба на Зоран Мише во Охрид
- ↑ Иво Бистрички с приз и 2 500 лв. от Приятели на морето, Десислава Георгиева, Черноморие-бг, 11.07.2018