Знаме на македонската колонија во Петроград
Знамето на македонската колонија во Петроград е народно знаме кое било користено од македонските иселеници во Петроград (денешен Санкт Петербург), Русија. Знамето било објавено и во деветтиот број на весникот Македонски глас каде што се предложува за знаме на независна македонска држава.
Платформата на знамето е црвена со жолти граници. Во горниот десен агол во бел квадрат стои коњот Букефал на кралот Александар Македонски претставен во црвена боја, а во долниот лев агол е претставено сонце над кое пишува Единствена Независна Македонија (руски: Единя Независніиа Македониіа) на руски јазик.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |