Знаме на Централноафриканската Република

Знамето на Централноафриканската Република (ЦАР) е националното знаме на државата кое било усвоено на 1 декември 1958. Знамето е дизајнирано од Бартелми Боганда, првиот претседател на автономниот регион Убанги-Шари, кој верувал дека Франција и Африка силно треба да соработуваат и токму поради тоа ги комбинирал боите на знамето на Франција со панафриканските бои.

Знамето на ЦАР во сооднос од 3:5

Црвената боја ја означува крвта на народот кој бил пролеан за време на независноста, сината ги претставува небото и слободата, белата претставува мир и достоинство, зелената претставува надеж и верба и жолтата претставува толеранција.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди