Знаме на Република Кипар

Знамето на Република Кипар е официјалното знаме на државата, поточно на јужниот дел од островот Кипар. Знамето било усвоено на 16 август 1960 година кога се осамостоил Кипар.


Знаме на Кипар
}}
Употреба државно и пловно знаме национално знаме и поморско знаме
Сразмер 3:5
Усвоено 16 август 1960
Опис Бело знаме со приказ на картата на државата во златна боја опколена со маслинови зелени гранчиња.
Творец Исмет Ѓунеј
Предлог знаме на Кипар.

Знамето на Кипар е бело каде има приказ на картата на Кипар во темножолта боја и под картата се наоѓаат две зелени маслинови гранчиња. Гранчињата и белата боја симболизираат мир, додека вкрстеноста на гранчињата симболизира мир помеѓу Грците и Турците. Картата и бојата го симболизираат бакарот во државата, бидејќи Кипар е составен од голем депозит на бакарна руда.

Пред да се усвои ова знаме, се користеле грчкото и турското знаме. Кога се правело знамето се избегнувала: црвена боја, сина боја, крст, полумесечина и ѕвезда за да се добие неутрално знаме. Знамето го направил Исмет Гунеј.[1]

Покрај ова знаме, има и предлог знаме кое би се користело кога Кипар би се обединил. Тоа е составено од пет ленти во сина, бела, жолта, бела, црвена боја што симболизираат: Грци, мир, Кипар и Турци.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Evripidou, Stefanos (2009-06-25). „Cyprus flag designer dies“. Cyprus Mail. Архивирано од изворникот на 2009-06-26. Посетено на 2009-07-11.

Надворешни врски

уреди