Знаме на Отоманското Царство
Терминот знаме на Отоманското Царство се однесува на било кое знаме кое било употребувано од страна на владејачката Отоманска династија во текот на постоењето на империјата. Во текот на историјата биле користени поголем број на знамиња. Султанот исто така имал свое посебно знаме во употреба. Главно поради својата сложена и политичка организација, империјата во текот на поголемиот дел од своето постоење немала официјално знаме, сè до 1844 година, по воведувањето на Танзиматот. Знамето од 1844 година било црвено знаме со бела полумесечина и бела ѕвезда во средината на знамето. Денеска, ова знаме се користи од страна на Република Турција.
-
Знаме на империјата во периодот од 1383 до 1453
-
Знаме на империјата во периодот од 1326 до 1517
-
Знаме на империјата во периодот од 1453 до 1844
-
Знаме на империјата во периодот од 1517 до 1844