Знамето на државата Орегон е двострано знаме во поморска сина и златна боја со по можност златен раб. На предната страна е штитот од државниот печат, а на задната страна е златна фигура на дабар, државното животно. Орегон е единствената држава од Соединетите Држави што има различни дизајни од обете страни на своето знаме ( знамето на Масачусетс беше сменето во 1971 година како еднострано).[1]


Знаме на Орегон
}}
Употреба граѓанско и државно знаме граѓанско и државно знаме знамето има две различни страни, од напред и позади
Сразмер 3:5
Усвоено 15 април 1925; пред 99 години (1925-04-15)
Опис Печат на Орегон во златна боја на поморско сино поле. Над печатот, текстот „Сојузна држава Орегон“ е прикажан во брановит редослед.
Творец Законодавен дом Орегон; првпат отпиен од Марџори Кенеди и Бланш Кокс.

Историја

уреди

Сегашното знаме на Орегон станало службено на 26 февруари 1925 година. Она што се верува дека е првото знаме на Орегон е создадено таа година од страна на Мејер и Франк, отшиено од Марџори Кенеди и Бланш Кокс, вработени во стоковната куќа.[2] Тоа знаме му било подарено на Универзитетот Источен Орегон во 1954 година од внукот на поранешниот гувернер Валтер М. Пирс. Во 2010 година знамето било обновено.

Предложена промена

уреди

За Орегон Стоипедесет-годишнина во 2009 година, дневниот весник „The Oregonian“ создал натпревар на државно ниво за да се предизајнира на државното знаме.[3] Весникот ги собрал и објавувал пријавените предлози со јавно гласање за победничкиот дизајн. Победничкиот дизајн бил создаден од Рандал Греј, производител на мапи за округот Клакамас. Во неговиот дизајн, Греј го истакнал дабарот, кој се наоѓа на задната страна на сегашното знаме. Ѕвездата го претставува местото на Орегон во Сојузот, додека зелената ја претставува природната дивина и шумите на Орегон. Откако натпреварот започнал со гласање, имало барања од весникот да додаде 11-ти избор, „Ниедно од понуденото“, што значи, да се задржи сегашното државно знаме како што е. Во последната понуда со гласови „ниедно“ добил најмногу гласови.

Во 2013 година бил воведен нацрт-закон во Сенатот во Орегон, со кој би се направат неколку измени во дизајнот на знамето, сепак, нацрт-законот никогаш не стигнал да дојде до комитетот.[4] Овој предлог-закон бил спонзориран од државниот сенатор Лори Монас Андерсон, во име на жителот на Грешам, Мет Норкист, кој лобирал за промена на знамињата.[5]

Опис

уреди
 
Знамињата на Соединетите Држави и Орегон во Портланд, Орегон

Полето на знамето е поморско сино со сите букви и симболи во златна боја, што ги претставува државните бои на Орегон.[6][7] На аверсот, девизата СОЈУЗНА ДРЖАВА ОРЕГОН е напишана над грбот, кои исто така се појавува во државниот печат Орегон. Штитот е опкружен со 33 ѕвезди, претставувајќи го приемот на Орегон во Унијата како 33-та држава. Под штитот е напишана 1859, година во која Орегон станала држава.

 
Заднатаа страна на знамето (држачот на знамето е десно)

Знамето на Орегон е последното преостанато државно знаме во САД во кое аверсната и обратната страна имаат различни дизајни. Парагвај[8] е единствената земја што сè уште има двострано знаме. Двостраните знамиња биле порано вообичаени, но биле намалени како резултат на зголемените трошоци за производство на знаме со два различни дизајни. На задната страна на знамето е прикажан, исто така, во златна боја, од дабар, државно животно на Орегон.[6]

За украсување или парада, знамето може да има златен раб. За стандардна употреба, не се бара раб.[6] Соодносот на ширината на знамето со нејзината должина е 3: 5.[9]

Наводи

уреди
  1. http://www.statesymbolsusa.org/Oregon/stateFLAG.html Statesymbolsusa.org
  2. „Oregon's first flag will be moved to a public display at Eastern Oregon University“. The Oregonian. The Associated Press. 6 септември 2010. Посетено на 31 март 2020.
  3. „Redesign the Oregon flag“. The Oregonian. 11 декември 2008. Посетено на 31 март 2020.
  4. „Oregon Senate Bill 473“. Архивирано од изворникот на 2013-12-02. Посетено на 31 март 2020.
  5. „www.neworegonflag.org“. Архивирано од изворникот на 2021-10-31. Посетено на 31 март 2020.
  6. 6,0 6,1 6,2 „Oregon Almanac:Flag, State“. Oregon Blue Book. Посетено на 31 март 2020.
  7. Shearer, B.F; Shearer, B.S (2002). State Names, Seals, Flags, and Symbols: A Historical Guide (Third. изд.). Greenwood Press. стр. 67. ISBN 0-313-31534-5.
  8. Oregon, flag of. Encyclopædia Britannica. Посетено на 31 март 2020.
  9. „Oregon Flag“. Flags of the World. Посетено на 31 март 2020.

Надворешни врски

уреди