Знаме на Општина Гевгелија
Знамето на Општина Гевгелија е официјалното знаме на оваа македонска општина. Знамето е составено од две вертикални ленти во сина и сребрена боја со општинскиот грб над нив.
Употреба | граѓанско знаме |
---|---|
Сразмер | 1:2 |
Усвоено | н/п |
Опис | Сино-бело знаме со општинскиот грб. |
Опис
уредиЗнамето на општината е двобојно, поделено по вертикала, со сина и сребрена (светлосива) боја, на кое е аплициран грбот на општина Гевгелија. Односот на ширината и должината на знамето по хоризонтала е 1:2, а грбот се наоѓа во втората петтина на знамето. Односот на ширината и должината на знамето по вертикала е 1:3, а грбот се наоѓа во втората четвртина на знамето.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Статут на Општина Гевгелија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-25. Посетено на 2011-12-03.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Статут на Општина Гевгелија Архивирано на 25 јули 2011 г.
- Официјално мрежно место на Општина Гевгелија Архивирано на 25 мај 2012 г.
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |