Грб на Општина Гевгелија

Грбот на Општина Гевгелија е официјалниот грб на оваа македонска општина.

Грб на Општина Гевгелија
Подробно
Усвоенн/п
Штитзлатно-сребрен штит
Мото„Гевгелија“

Опис уреди

Грбот има форма на шпански штит обшиен со златна лента, во чиј горен дел, т.н. глава на штитот, е името на општина Гевгелија. Средишниот дел на штитот е поделен по вертикала: левата страна е во сребрена, а десната страна во бела боја. Во долниот дел на штитот, т.н. подножје, е аплициран амблем на цвет во зелена боја, над него две паралелни брановити линии, амблем за река во сина боја, на средината е амблем на планината "Кожув" во сиво сина боја и во горниот дел се зраци од сонце во вид на круна со црвена боја.[1]

Наводи уреди

  1. „Статут на Општина Гевгелија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-25. Посетено на 2011-12-03.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди