Знаме на Западна Сахара
Западна Сахара (арапски: علم الصحراء الغربية) е територија во северозападна Африка која се граничи со Мароко на север, Алжир на североисток, Мавританија на исток и југ, и Атлантскиот Океан на запад. Земјата е една од најретко населените територии во светот, која се состои воглавно од пустински рамнини. Најголемиот град е ел-Ајун, каде живее повеќе од половина од населението.
Западна Сахара се наоѓа на списокот на неавтономни територии на Обединетите Нации од 1960-тите кога била шпанска колонија.
Територијата во најголема мера е управувана од Мароко, но владата во прогон на Сахарската Арапска Демократска Република тврди дека територијата е независна и под нивна власт.
Знамиња кои се користат за Западна Сахара:
- Знаме на Мароко:
Моменталното знаме на Мароко се користи низ поголемиот дел на државата.
- Знаме кое се користи од Сахарската Арапска Демократска Република:
Знамето на Сахарската Арапска Демократска Република го користат фронтот на Полисарио и Сахарската Арапска Демократска Република во нивната јавна и официјална комуникација.